Знаеме дека нашите миленичиња можат да ги разберат изразите на луѓето, можат да покажат љубомора итн.
Сега, како што открила науката, се чини дека и кучињата можат да разликуваат добра личност од лоша.
И, откако ќе ја направат оваа разлика, тие се однесуваат поинаку со двете лица.
Освен тоа, истражувањата сугерираат дека кучињата се способни да донесуваат заклучоци за доверливоста на една личност врз основа на искуството, пренесува Телеграфи.
Кучињата ја користат оваа способност за да го прилагодат своето однесување и да предвидат што некој би можел да направи во идни ситуации.
Авторот на оваа студија, Акико Такаока, изјави за Би-Би-Си дека е вистина дека кучињата имаат пософистицирана интелигенција отколку што мислевме порано.
Инаку, вреди да се напомене дека овие откритија се објавени во списанието ‘Animal Cognition’.