Ова го изјави по состанокот на ОДКБ
Ако НАТО изјави дека се противи на замрзнување на конфликтот во Украина, тогаш тоа значи дека тие сакаат да војуваат. Москва е подготвена за тоа, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Ако НАТО преку Столтенберг повторно се изјасни дека е против замрзнување, како што велат, конфликтот во Украина, тогаш тоа значи дека сакаат да војуваат. Нека одат во војна, ние сме подготвени за тоа – рече Лавров на прес-конференција по министерскиот состанок на земјите-членки на ОДКБ.
Лавров нагласи дека целите на специјалната руска операција ќе бидат исполнети.