Лавров: Срамота е што некои земји го затворија воздушниот простор за патниците во Москва

Обидите на голем број земји од Европската унија да ги спречат авионите на европските лидери да летаат за Москва за да го прослават Денот на победата на 9 мај се срамни, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Се разбира, тоа е срамота. Срамота“, изјави Лавров за тв „Русија 1“.

„Денеска Урсула фон дер Лајен или некој друг хистерично изјави дека треба да започне процесот на пристапување на Украина во ЕУ, додека тие бараат од Србија да се приклучи на антируските санкции и да се согласи со губење на Косово“, рече Лавров.

Тој додаде дека Европската унија ги поздравува оние кои ги пропагираат нацистичките вредности, како Володимир Зеленски и неговиот тим, и оние кои ја бранат историската меморија заедно со Русија, Брисел сака да ги лиши од какви било права.

На 9 мај, Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани.

Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.