Алесандро Грандо, градоначалникот на Ладисполи, град со околу 40.000 жители, објави предупредување на социјалните мрежи
Жителите на италијанскиот град во близина на Рим денеска беа повикани да останат внатре за да избегнат средба со лавот кој побегнал од локалниот циркус и по него активно трага полицијата.
Алесандро Грандо, градоначалникот на Ладисполи, град со околу 40.000 жители, објави предупредување на социјалните мрежи, велејќи дека полицијата му помага на персоналот на циркусот да го бара животното.
„Лавот избега од циркусот“, напиша тој, прецизирајќи дека животното било забележано во близина на поток во близина на циркусот, пренесува Index.hr.
„Ве молиме бидете многу внимателни и избегнувајте излегување до понатамошно известување“, предупреди тој.
Очекувајќи можни тужби, Грандо појасни дека не одобрил присуство на лавовски циркус во градот, но дека нема овластување да го спречи тоа.