Најголемата фудбалска сензација на денешницата, младиот Шпанец Ламине Јамал, ужива во заслужениот одмор по освојувањето на Европското првенство, а за одмор ја избра секогаш посакуваната атракција меѓу фудбалерите, Грција.
Јамал (17) беше еден од клучните фактори на шпанската репрезентација во фантастичната кампања за титулата европски првак во која неговата селекција го освои трофејот со максимален број на победи. Јамал одигра одлично првенство и беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот.
По еврото следува краток одмор, а потоа враќање во Барселона, неговиот клуб, кој веќе ги започна подготовките за следната сезона. За да не заостанува премногу зад соиграчите, Јамал кратко ќе биде на одмор, но тој реши да го помине на најдобар можен начин и да ги наполни „батериите“ во Грција.
Јамал нема да им се придружи на соиграчите во Барселона за време на паузата на американската турнеја, туку ќе работи одвоено со Феран Торес и Педри по враќањето на теренот.
Овој млад фудбалер отпатува во Грција заедно со својата девојка Алекс Падила. Младиот пар објави неколку фотографии од нивниот одмор. Инаку, Александра му се придружи на Јамал на прославата на титулата европски првак, па позираше со трофејот на Јамал.
Според фотографиите, Јамал за својот одмор го избрал третиот по големина остров во Грција, островот Кос во југоисточниот дел на Егејското Море.