УЕФА денес ги казни ѕвездите на Барселона, Ламине Јамал и Роберт Левандовски, за кршење на антидопинг правилата минатата сезона.
Двајцата ги прекршија правилата по реваншот со Интер во нокаут фазата од Лигата на шампионите, кога не дојдоа веднаш на местото за допинг контрола.
Сепак, казната е повеќе од симболична, бидејќи Јамал и Левандовски ќе платат само казна од по 5.000 евра за овој прекршок.
Ваквата казна сигурно нема да им претставува ни најмал проблем на двајца фудбалери кои имаат месечни приходи од милиони, па затоа нема премногу да се грижат за тоа.
Ве потсетуваме, двомечот помеѓу Барса и Интер беше спектакуларен и „нероаѕурите“ се пласираа понатаму откако првиот натпревар на Монжуик беше 3:3, а во реваншот на Меаца, Интер победи со 4:3 по продолженијата.
Подоцна, Интер беше поразен во финалето од Пари Сен Жермен, кој победи со 5:0 и стана европски шампион.
Јамал и Левандовски моментално се подготвуваат за новата сезона со Барса, која за нив ќе започне со гостување против Мајорка на 16 август.