Звањето доктор на науки во 2024 година го добиле 215 лица, што претставува зголемување од 23,6 отсто во однос на 2023 година, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, докторирале 22,4 отсто од областа на здравствената и социјалната заштита.
Следува 16,7 отсто во уметноста и хуманистичките науки, потоа бизнис, администрација и правосудство 14,4 отсто, општествени науки, новинарство и информации 11,6 отсто, додека останатите области имаат помал процент на застапеност“, известува ДЗС.
Од вкупниот број на лица кои докторирале во 2024 година, 106 или 49,3 отсто од нив се жени.