Лапорта: Сакаме да го вратиме Меси

– Откако Барселона во неделата ја освои шампионската титула во Шпанија, претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта откри дека враќање на Лионел Меси е во клупските планови за следната сезона.

Лапорта посочи дека целта на Барселона е да изнајде соодветен и одржлив систем со кој платата на Меси би се вклопила во клупскиот буцет, но додаде дека екипата од „Камп Ноу“ мора за евентуален трансфер да почека да добие одобрување од челниците на Ла Лига

„Го сакаме Меси, но нема да понудиме луди бројки за тој или кој било друг договор. Ќе се обидеме да направиме системот да функционира со планот за одржливост, а потоа ќе го почекаме одобрението“, рече Лапорта.

Меси, кој настапуваше за Барселона од 2000 до 2021 година, е под договор со ПСЖ до 30 јуни, а аргентинскиот фудбалер сè уште не донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.