За првпат во историјата на компанијата, извршниот директор на „Оракл“, Лари Елисон, ја презеде титулата најбогат човек во светот, симнувајќи го од тронот шефот на „Тесла“, Илон Маск.
Нето вредноста на Елисон се зголеми за 101 милијарда долари во среда, достигнувајќи 393 милијарди долари и заземајќи го првото место пред Маск.
Проценетото богатство на Маск моментално е 385 милијарди долари, според податоците од индексот на милијардери на Блумберг.
Скокот на нето вредноста на компанијата на Елисон беше предизвикан од огромното зголемување на вредноста на акциите на „Оракл“, кои во среда пораснаа за дури 41 процент на дневни максимуми.
„Оракл“ е една од најголемите ИТ компании во светот и е специјализирана за развој и продажба на податоци, деловен софтвер, услуги за cloud computing, серверски хардвер и интегрирани системи, како и консалтинг и поддршка. Елисон ја основал компанијата во 1977 година и има седиште во Остин, Тексас.