Кошаркарската федерација на Израел ги прекина преговорите со Пабло Ласо, потврдувајќи дека шпанскиот стратег ја одбил понудата да седне на клупата на израелската репрезентација.
Ласо изминатиот период имаше неколку средби со израелските претставници, а на последната ги известил дека разгледува неколку понуди од европски екипи, пренесува „Баскет њуз“.
„Претставници на израелската Федерација му порачаа на Ласо дека ќе продолжат со процесот за избор на нов селектор, а доколку до лето не најдат соодветен кандидат, повторно ќе разговараат со него, под услов шпанскиот стратег дотогаш дане најде нов ангажман, наведува „Баскет њуз“.
Мадридски Реал во јули лани го раскина договорот со Ласо од медицински причини, бидејќи искусниот тренер доживеа срцев удар и не ја предводеше екипата во завршницата од сезоната.