Со падот на претседателството на Башар ал-Асад хуманитарната ситуација во Сирија останува нестабилна, соопштија Обединетите нации.
Болниците во Сирија се преполни со голем број пациенти со тешки повреди и трауми, објави Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
Многу луѓе страдаат од огромен психолошки стрес, а особено децата покажуваат знаци на траума, објави во вторникот OCHA.
Во многу големи градови, како што е главниот град Дамаск, има недостиг од храна. Од почетокот на офанзивата на бунтовниците цената на лебот во градовите како Идлиб и Алепо се зголеми 900 отсто.
ОН проценуваат дека од почетокот на офанзивата на бунтовниците предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) околу еден милион луѓе се раселени во Сирија. Продолжува движењето на бегалците, се наведува.
OCHA предупреди на мински полиња, кои ги ограничуваат движењето на луѓето и испораката на стоки. Во изминатите 10 дена во државата се идентификувани најмалку 52 мински полиња.