Кошаркарот Брони Џејмс, најстариот син на НБА ѕвездата ЛеБрон Џејмс, бил пуштен од болница три дена откако доживеал срцев удар.
Брони Џејмс доживеал срцев удар за време на тренинг во Универзитетот во Јужна Калифорнија во вторникот и бил итно пренесен во болница.
„Благодарение на брзата и ефикасна реакција на медицинскиот персонал, Брони Џејмс беше успешно лекуван“, соопштиле од болницата, додавајќи дека Брони Џејмс е пуштен дома каде сега се одмара.
Како што се додава, Брони Џејмс пристигнал во болницата целосно свесен, невролошки недопрен и стабилен.
Од болницата соопштиле дека лекувањето ќе продолжи, но дека се охрабрени од неговиот одговор. Неговиот татко ЛеБрон Џејмс вчера им се заблагодари на обожавателите за поддршката и молитвите за неговиот 18-годишен син.
„Семејството е заедно и здраво. Ќе имаме уште да кажеме кога ќе бидеме подготвени, но сакав да ве известам колку ни значи вашата поддршка“, напиша ЛеБрон Џејмс на социјалните мрежи.