За инцидентот кој се случи во собранието Левица на својот официјален фб профил изјави: На собраниската седница, двајцата пратеници на #Левица со фрлање на амандмани ја прекинаа седницата со пола час пауза! Широката коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ насилничнички и неделовнички ги одби амандманите на Левица.
Единствената опозиција во Собранието ДЕНЕС физички ќе ја брани македонската демократија од трите квинслишки партии!
Ја информираме јавноста дека на денешната пленарна седница на Собрание, криминогената широка коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ се подготвува насилнички, СО ШВЕРЦ БЕЗ ПРЕСЕДАН, да го донесе новиот Деловник!
Ваквото насилие е целосно погребување на македонската демократија, а пратениците на Левица се подготвени и ФИЗИЧКИ да го бранат народниот мандат!