Со најновата скандалозна одлука на министерот Меџити, матичните гинеколози нема да прават бесплатен ПАП- тест за жените секоја година. Оваа услуга сега е достапна само на секои три години. Одлуката е од неодамна и ја имаат добиено сите ординации од „Мој термин“ кои имаат склучено договори со Фондот за здравствено осигурување.
Во одлуката стои дека НЕ следува бесплатен ПАП – тест почесто од три години, освен доколку пациентката има позитивен наод за карцином, состојба после интервенција или пак се подготвува за операција.
Лицемерните кампањи на владејачката СДС за подигнување на свеста кај жените во борбата против ракот на грлото на матката, во пракса не функционираат, токму благодарение на нивниот нецелисходен систем за рана детекција на ова заболување. На жените не им е потребна евтина пропаганда, туку обезбедување функционален систем во државното здравство.
До Левица стигнуваат поплаки од жени кои барале ПАП тест за рана дијагноза на карцином на матка, но кога им било кажано дека се плаќа и дека цената е од 1.200 до 1.500 денари (во зависност од лабараторијата каде се носи за испитување) жените одлучуваат да не прават превентивен тест. Меѓу нив, за жал има и пациентки кои бидејќи се во ризична група, секоја година мора да прават ПАП тест поради превенција, а сега со оваа нова одлука и превисоките цени, се изложени повторно на ризик.
Властите на СДС, додека се самопромовираат преку наводна кампања за превенција, жените мора да чекаат бесплатна услуга на секои три години за ПАП – тест. Тестот е прескап за жените ако сакаат да го прават редовно, односно еднаш годишно, како што се препораките, а ризикот е преголем ако се чека да им дојде редот за БЕСПЛАТЕН тест, на секои три години. Од Министерството за здравство нема одговор зошто е донесена одлуката една година по најавениот скрининг за рано дијагностицирање на рак на грло на матка.
ПП Левица