Денеска, на местото Смрдлива Вода, жителите од Гевгелија, Неготино, Демир Капија, како и куп организации кои се борат за зачувување на животната средина и здруженија на граѓани, преку сенароден протест го искажаа своето силно негодување за изградбата на две мини- хидроелектрани на реката Дошница на планината Кожув.
Мини-хидроелектрани во вкупното производство на струја имаат минимален удел, додека за инвестоторот имаат максимален профит – за сите останати, тоа сепак значи уништување на животната средина, во случајов една од најчистите реки во државата, Дошница.
Протестот е предупредувачки до властите и надлежните институции. Народот од гевгелиско, неготинско, кавадаречко и демиркаписко спремен е со жив штит да ја брани реката Дошница и планината Кожув од експлоатацијата на олигарсите – за што веќе имаа една протесна блокада пред багерите кои се наместени и пробиваат пат.
Народот бара Кохув да стане национален парк!
На протестот присуствуваа пратеникот од Левица Борислав Крмов, портпаролот на партијата Амар Мециновиќ и советникот во Општина Гевгелија Сашко Јанчев, и дадоа безрезервна поддршка за протестот и за исполнување на барањата на народот
Со почит,
СООПШТЕНИЕ – Сектор за медиуми и односи со јавност на Левица