Левица: Со 750 амандмани го блокирвме Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државно правобранителство

Денес, пратениците на Левица со 750 амандмани го блокираа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државно правобранителство – по скратена постапка, каде спротивно на Амандман V од Уставот на Република Македонија и спротивно на препораките од Венецијанската комисија се воведуваат двојазични легитимации.

Левица не го признава насилнички и шверцерски донесениот т.н. „Закон за употреба на јазиците“ објавен без потпис на Претседателот на Републиката и со фрлени амандмани на опозицијата и секое т.н. усогласување со него го смета за нелегитимно и е подготвена да го спречи со сите демократски средства кои ни стојата на располагање!

Насилната и нелегална етнизација која ја спроведуваат партиите на албанското етничко малцинство, а која е одобрена од двете големи партии мора конечно да запре.

Поделбите мораат да прекинат и македонскиот народ заедно со сите малцинства мора да го придвижиме кон изградба на една и единствена македонска нација во која ќе работиме за благодет на сите подеднакво.

Левица