Контроверзниот телевизиски водител Џери Спрингер , кој почина на 80-годишна возраст, во своето познато шоу низ годините донесе бројни гости, кои ги откриваа своите тајни пред камерите. Но, малку е познато дека и неговиот живот е полн со интересни работи. Многумина не знаат дека родното место на американскиот лидер е станицата Хајгејт во лондонското метро.
Неговите родители, Ричард и Маргот Спрингер, живееле во Германија и се преселиле во Лондон непосредно пред почетокот на Втората светска војна во 1939 година. За време на бомбардирањето на Лондон, имало засолништа на станиците на метрото, а на 13 февруари 1944 година, мајката на Џери се породила во едно такво засолниште. Веднаш по породувањето, таа не можела да добие ниту медицинска помош, додека не престанало германското бомбардирање.
Спрингер зборуваше за своето раѓање во интервју за Би-Би-Си во 2012 година, кога се потсети на своето детство во главниот град на Велика Британија.
– За време на војната деветмесечните трудници поголемиот дел од времето го поминуваа на станиците на подземната железница и јас така сум роден. Се сеќавам на Лондон, особено како ги гледав од мојата соба двокатните автобуси како минуваат – изјави тогаш Спрингер.
Водителот живеел во Лондон пет години, а неговите родители емигрирале во Њујорк во 1949 година . Тој се враќаше во родниот град кога можеше, а пред 14 години дури глумеше во мјузиклот „Чикаго“ на лондонскиот Вест Енд.
Пред телевизијата, тој беше политичар кој водеше неуспешна кампања за американскиот Конгрес во 1970 година, беше избран во Градскиот совет на Синсинати во 1971 година и стана градоначалник на тој град во 1977 година. Тој служеше еден мандат.
Со сопругата Мики Велтон, со која беше во брак 21 година, ја запознал во 1969 година на состанок. Таа тогаш имала 23 години и се вработила во неговата адвокатска канцеларија, а набрзо започнале врска која траела четири години пред да се венчаат во 1973 година.
Само неколку месеци по венчавката се дознало дека одел во посета на проститутки, откако полицијата упаднала во борделот и го најде неговото име на листата на клиенти, а тој беше принуден јавно да го признае
Покрај тоа, Спрингер се појави во неколку серии и филмови. На пример, во серијата „Брачни води“ тој е водител на ток-шоу наречено The Masculine Feminist , во кое се залагаше жените да добијат машка кугларска вечер и на крајот да заземат место во кугланата.