Легендарниот шпански голман Икер Касиљас се најде во центарот на вниманието на светските медиуми, бидејќи го поврзаа со поранешната ѕвезда на филмовите за возрасни Клаудија Бавел!
Двајцата биле фатени на „дејт“ додека престојувале во истиот хотелски комплекс во Барселона, а веста во вторникот ја објави шпанскиот неделен магазин Diez Minutos.
Гореспоменатиот медиум објави дека парот го напуштил неименуваниот хотел рано следното утро, намерно се разделувале за да избегнат средба со папараците кои ги чекале.
Поранешниот шпански репрезентативец и легенда на Реал Мадрид уживаше во друштво на низа атрактивни жени откако се раздели од радио и ТВ водителката Сара Карбонеро во март 2021 година по пет години брак.
Клаудија, од друга страна, се дефинира себеси како „креатор на содржини и поранешна актерка во филмови за возрасни“. Преку платформата „Onlyfans“ месечно заработува околу 20.000 евра.