Легендарниот Роналдо доживува еден од најтешките моменти: “Ситуацијата е тешка, а пристигнаа заканите“

Легендарниот Роналдо Назарио минува низ тешки моменти во еден од клубовите во кој е мнозински сопственик, а овојпат тоа е бразилскиот Крузеиро каде Бразилецот ја започна својата играчка кариера.

Во првата година како сопственик, Крузеиро постигна добри резултати, а како резултат на тоа, тимот успеа да се врати во бразилската прва лига. Откако ја постигнаа првобитната цел, пораснаа апетитите на нивните навивачи, а со тоа и нивните очекувања кои не се исполнети оваа сезона.

На десет кола пред крајот на првенството, Крузеиро е само еден бод над опасната зона и навивачите го загубија трпението. Ова предизвика за изразување на незадоволството по последниот првенствен пораз од Фламенго, кој ја продолжи нивната серија без победа на четири натпревари.

Незадоволните навивачи му довикувале на својот сопственик, а освен тоа се заканувале и со поголеми нереди. Роналдо зборуваше по натпреварот со Фламенго.

Се наоѓаме во тешка ситуација и го разбирам незадоволството на навивачите, верувам дека ќе се извлечеме од сето ова, но не можам да го разберам непријателскиот однос на навивачите“ започна Бразилецот.

Насилството на кое реагираа некои навивачи не е решение на проблемот. Знаевме дека ќе има проблеми во Серија А, пред се од финансиска природа, но решивме да се бориме и сега мораме да бидеме заедно, не можеме без помошта од навивачите“, заклучи тој.

Во следното коло Крузеиро кај Атлетико кои моментално се на седмото место, па сигурно ќе биде уште еден тежок тест за тимот на Роналдо. Четири клуба од 20 испаѓаат од бразилската Серија А, а Крузеиро моментално е на 15. позиција со 31 бод, бод повеќе од Сантос и Гојаш кои се во зоната за испаѓање.

БразилРоналдо Назариофудбал