Легендарниот фудбалер Роберто Баџо претепан и ограбен во својот дом

– Легендарниот италијански фудбалер Роберто Баџо е претепан, затворен и ограбен откако разбојници упаднале во неговата вила во Алтавила Вичентини додека го следел натпреварот помеѓу Италија и Шпанија на Европското првенство.

Како што наведуваат италијанските медиуми, петмина вооружени и маскирани разбојници упаднале во домот на поранешениот италијански фудбалер.

Тој им се спротиставил, но провалниците успеале да го совладаат, по што Баџо и членовите на неговото семејство ги заклучиле во соба, а потоа го опљачкале нивниот дом.

Како што објавија италијанските медиуми, провалниците од вилата украле накит, часовници и други вредни предмети.

Провалниците биле во вилата околу 40 минути, а кога Баџо увидел дека тие си заминале, успеал да ја скрши вратата и повикал полиција.

Баџо мораше да оди во болница за да му се шие раната на челото.

Овој поранешен напаѓач и добитник на Златната топка во 1993 година играше, меѓу другото, за најголемите италијански клубови Јувентус, Интер и Милан.

За италијанската репрезентација забележа 56 настапи и постигна 27 голови.