Легендата на францускиот фудбал упати тешки зборови кон Бразилецот: “Не можам повеќе да го гледам Нејмар, тој е неподнослив! Не сакам да го гледам во дресот на ПСЖ“

ПСЖ утре во Минхен ќе се обиде да го надмине поразот од 0:1 од првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн. Германскиот тим пред три недели ги надигра парижаните и заслужено победи, а ПСЖ ќе се обиде да дојде до голема победа без повредениот Нејмар, кој до крајот на сезоната ќе биде надвор од игра.

Сепак, не сите мислат дека неиграњето на Нејмар ќе му направи големи проблеми на ПСЖ. Впрочем, легендарниот француски напаѓач Кристоф Дугари смета дека тоа ќе биде добро за парижаните.

Нејмар

Мило ми е за ПСЖ што Нејмар е повреден. Верувам дека ова е многу среќа за тренерот Галтие“, изјави Дугари и објасни:

Овој тим е многу подобро избалансиран кога игра со пет одбранбени играчи, тројца играчи од средниот ред и со напаѓачки тандем Меси Мбапе“, смета сега 50-годишниот играч кој играше за Бордо, Милан, Барселона, Марсеј, Бирмингем Сити и за репрезентацијата за Франција забележа 55 настапи и 8 погодоци.

Дугари во никој случај не е фан односно обожавател на Нејмар.

Не можам повеќе да го гледам, едноставно не можам. Неподнослив е со дриблингот, однесувањето на теренот. Не сакам повеќе да го гледам во дресот на ПСЖ“, заклучи Дугари.

Кристоф ДугариЛига на шампиониНејмарПСЖПСЖ. Впрочемфудбал