Температурите во Северна Европа паднаа под -40 степени Целзиусови за прв пат од 2021 година , објави денеска шведскиот метеоролошки институт SMHI.
Во некои делови на северна Шведска , како што е градот Умео на североистокот на земјата, температурите паднаа на најниско ниво во последните 12 години .
До четврток, сите линии на патнички воз северно од Умеа беа суспендирани, поради зголемените безбедносни ризици предизвикани од студот, објави телевизијата SVT.
На северот на Шведска се измерени -41,6 степени
Според SMHI, област со висок притисок во моментов носи екстремно студен воздух во североисточна Шведска и северна Финска . Во Никалуокт кај Кируна, на северот на Шведска, забележани се температури и до -41,6 степени Целзиусови.
Најниски температури во Шведска во овој век се забележани во февруари 2001 година , кога во Сторб се забележани -44 степени Целзиусови.
Температурите значително се намалија и во соседна Финска. Низ целата земја се забележани температури меѓу -20 и -30 степени , објави во вторникот Финскиот метеоролошки институт.
Во делови од централна и северна Финска се предвидува пад на температурата до -40 во следните неколку дена.