Лежел 46 години во затвор, ја чекал смртната пресуда а не бил виновен! Постар Јапонец конечно доби отштета, еве колку пари ќе му бидат исплатени! (ФОТО)

Јапонец кој беше погрешно осуден за четирикратно убиство и помина 46 години на смртна казна, ќе добие отштета од 1,4 милиони долари, потврди судски службеник.

Надоместокот изнесува приближно 83 долари дневно за секој ден поминат во затвор на Ивао Хакамада .

Какамада беше осуден на смрт во 1968 година за убиствата на неговиот шеф, неговата сопруга и нивните две деца во 1966 година. Поранешниот боксер, кој сега има 89 години, беше ослободен во 2024 година, откако неговата сестра, заедно со други, со децении водеше кампања за негово ослободување, пишува The Guardian.

Окружниот суд Шизуока, во одлуката издадена во понеделникот, пресуди дека тој има право на компензација. Истиот суд на повторното судење во септември пресуди дека Какамада не е виновен и дека полицијата манипулирала со доказите.

„Беше подложен на нехумани испрашувања“

Судот тогаш изјави дека Какамада бил подложен на „нехумани испрашувања со цел да се извлече признание“, што тој подоцна го повлече. Локалните медиуми јавуваат дека ова е рекордна сума на обесштетување од ваков вид во Јапонија.

Сепак, неговиот адвокатски тим вели дека со пари не може да се надомести претрпената штета.

Годините поминати во притвор, со постојана закана од егзекуција, сериозно го оштетиле менталното здравје на Хакамада, велат неговите адвокати, опишувајќи го како личност која „живее во свет на фантазијата“.

Хакамада беше петтиот осуденик на смрт на кого му беше одобрено повторно судење во повоената историја на Јапонија. Сите четири претходни случаи исто така завршија со ослободителна пресуда.