Онкологот Лоренс Пиро, д-р Шенон Доерти откри како изгледале последните моменти на познатата актерка.
Шенон почина на 13 јули на 53-годишна возраст по долга борба со ракот.
Во интервју за магазинот „Пипл“, овој доктор истакна дека последните часови од животот на Шенон Доерти биле „тажни, но убави“.
– Во последните неколку часа и беше многу удобно; спиеше и полека минуваше во другиот свет, опкружена со некои нејзини многу блиски пријатели. Во собата имаше избрана група нејзини пријатели и ѝ дадоа големо внимание и поддршка. Беше мрачно, тешко и тажно, но во исто време убаво и полно со љубов. Најтешкото нешто во сето тоа беше што таа не беше подготвена да замине бидејќи навистина го сакаше животот – изјави доктор Пиро.
На Доерти и беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година, а во 2017 година болеста отиде во ремисија. Во февруари 2020 година, ѕвездата од „Чарли“ и „Беверли Хилс“ откри дека ракот се вратил и дека е во четврта фаза.
Д-р Пиро се осврна и на борбата на покојната актерка против оваа тешка болест, признавајќи дека „продолжиле со боба додека немале каде да одат“.
– Во последниот разговор што го имавме таа беше во процес да сфати дека работите значително се променија. Разговорот беше за љубов и поддршка и грижа и продолжување на борбата. Таа сакаше да продолжи да се лекува и да се бори, иако нејзината физичка состојба се влоши. Така направивме – истакна овој онколог, додавајќи дека Шенон имала ограничени опции, но сепак не сакала да се откаже.