Лекарите биле шокирани кога виделе живо суштество во цревата на пациентот: Ова е тотална мистерија

Случајот на пациент од Мисури (САД) ќе остане во медицинските книги, откако лекарите открија нешто неверојатно во неговите црева при колоноскопија .

63-годишниот маж дошол на рутински преглед на дебелото црево, а процедурата се одвивала нормално додека лекарите не снимиле жива мува.

Да, добро прочитавте! Инсектот „прошетал“ низ цревата, а како стигнал таму останува мистерија.

Лекарите шпекулираат дека тој бил внесен во организмот преку „контаминирана“ зелена салата што пациентот ја изел ден пред закажаниот преглед, пишува Daily Mail.

Мажот рекол дека не чувствува непријатност и дека не ја забележал мувата во храната, а нејзината „слика“ се појавила на социјалните мрежи.

Експертите објаснуваат дека мувите ги несат јајцата во овошјето и зеленчукот и дека е можно да ја преживеат стомачната киселина.

Необичниот случај завршил во American Journal of Gastroenterology.

„Ова е редок наод на колоноскопија. Останува мистерија како мувата го пронашла патот до дебелото црево“, пишува таму.