Една жена по име Тони Браун ги спакувала куферите и очекувала да оди на одмор во Гран Канарија, кога ненадејно починала од ужасна болест.
Таа имала 34 години и боледувала од рак на дојка , кој се проширил на ‘рбетот, но лекарите тоа не го забележале, како што рекла нејзината мајка.
Нејзиното семејство тврди дека персонал од една клиника ја посетил Тони во нејзиниот дом и ја уверил неа и нејзината мајка дека се е во ред и дека ракот се уште не метастазирал. И рекле дека „не и се гледа крајот на животот“.
Но, два дена подоцна била повикана брза помош и Тони билa префрленa на одделот за интензивна нега во универзитетската болница Ројал Стоук. ѝ била дијагностицирана респираторна сепса и пневмонија, доживеала срцев удар и починала истиот ден.
Во истрагата беше објавена оваа недела дека болничкиот персонал се сомнева дека Тони ги злоупотребува пропишаните лекови против болки. Меѓутоа, Џули, нејзината мајка, оспорува дека нејзината ќерка се предозирала. На крајот, наодите потврдија дека таа починала од природна смрт, поради што нејзината мајка планира да поднесе тужба.
Поверојатно е дека нејзината смрт е предизвикана од билатерален плеврален излив (акумулација на течност помеѓу белите дробови и градниот ѕид) за што придонела пневмонија со позадина на метастази на рак на дојка. Нејзината смрт ќе биде запишана како една од природните причини.
Мајката сега сака да се слушне оваа приказна, за некој друг да не ја доживее истата судбина. Оваа болест набрзина го направила својот данок во животот на нејзината ќерка, а како што наведува, симптомите на метастази не биле на повидок, па се доверила на проценката на лекарот.