ЛЕКАРИТЕ Тврдат ДЕКА ОВОЈ АЛКОХОЛ Е НАЈМАЛКУ ШТЕТЕН ЗА СРЦЕТО: Дури и го препорачуваат

Алкохолот може да има позитивен ефект врз здравјето на срцето преку различни механизми, од намалување на факторите кои влијаат на згрутчувањето на крвта и липидите, до можни антиинфламаторни ефекти.

Неколку чаши алкохол неделно може да бидат корисни за луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни болести, сугерира новото истражување. Иако експертите не се целосно согласни кога станува збор за употребата на алкохол кај срцеви пациенти , студијата на BMC Medicine од јули оваа година тврди дека неколку алкохолни пијалоци во една недела не само што се прифатливи, туку и корисна навика.

Според авторите на студијата, ова е најголемата студија досега која ги следела ефектите на алкохолот врз кардиоваскуларните пациенти.

Три до седум пијалоци неделно

Поточно, помеѓу три и пол и седум пијалоци неделно од секаков вид алкохолни пијалоци се поврзани со намален ризик од проблеми со срцето. Се смета дека пониската варијанта, три и пол пијалоци неделно, нуди речиси двојно поголема корист, при што повеќе од еден пијалок дневно не нуди никаква заштита.

Студијата собрала податоци за 14.000 луѓе кои веќе имале ангина, срцев удар или мозочен удар. Со тоа што се земени предвид уште 12 студии, во кои се наведени примери на повеќе од 48.000 пациенти, со просечна возраст од 57 години. И покрај тоа што студијата истакна дека три и пол пијалоци неделно се корисни, Американското здружение за срце препорачува до два алкохолни пијалоци дневно за мажи и еден за жени. Оваа асоцијација, исто така, верува дека срцевите пациенти можат да пијат умерени количини на алкохол.

Дали конзумирањето алкохол на овој начин може да биде корисно?

– Искрено, можеби тоа е добра работа. Алкохолот може да има позитивно влијание врз здравјето на срцето преку различни механизми, од намалување на факторите кои влијаат на згрутчувањето на крвта и липидите, антиоксидантната активност или можните антиинфламаторни ефекти – вели д-р Лари Буршет, лекар од итната медицинска помош и семеен лекар.

Безбедноста не е загарантирана

Д-р Буршет наведува дека науката сè уште ги нема сите одговори на сите прашања и дека има уште многу што не се знае. Наместо алкохол за спречување или лекување на срцеви заболувања, лекарите сè уште препорачуваат диета, вежбање и лекови на рецепт.

– Оваа студија, сепак, не може да ја гарантира безбедноста на пациентите – вели д-р Емануела Гакиду, професорка на Институтот за здравствена метрика и евалуација во Сиетл.

Колку пијалоци се доволни?

Важно е да се напомене дека една порција алкохол се дефинира како чаша пиво или вино со средна големина, а не половина литар или полна чаша. Алкохолните пијалоци најчесто се продаваат во поголеми лименки или шишиња, па затоа е особено важно да се води сметка за количината. Важно е, како што нагласуваат експертите, да се земат предвид и другите здравствени ризици, не само кардиоваскуларните заболувања. Претходните истражувања покажуваат дека консумирањето алкохол може да го зголеми ризикот од проблеми со црниот дроб, одредени видови на рак, алкохолот и пиењето не се секогаш добра комбинација, па затоа се советува да се избегнува дури и умерена употреба на алкохол во некои случаи.