Лекари сугерираат дека нов клинички центар во Охридско- Струшкиот регион ќе ги реши проблемите на пациентите

Нема пример во светот каде на оддалеченост од 15 км има 5 болници и сите кубурат со кадар, единствено решение за премостување на проблемот кој се провлекува со години е да се направи еден клинички центар кој ќе ги обедини медицинските гранки од сите болници кои ги има во двата града Охрид и Струга. Тоа би бил петти клинички центар во државава,сугерираат дел од докторите од охридско-струшкиот регион. Сликата велат е секаде иста, здравствените установи кубурат со кадар и тоа не е локален,туку генерален проблем.

 Проблемот е со лекарите што немаме доволно, а и ги нема на список за вработување во Заводот за вработување.Некако гледаат на поголеми центри да се вработуваат, или странство да одат .Има лекари, ама не се заинтересирани за тука за жал. Не можеме да оставиме да одат луѓето во пензија, а да нема кој да ги покрие, значи во секој еден оддел потребни се лекари вели д-р Владимир Бунчески,директор на Општа болница Струга

Во Охрид со години не функционира детското одделение, Битола го затвори инфективно,во Струга нема нервно одделение.Сите 34 градови во Македонија ги опслужуваат само 40-тина уролози.Во некои болници од внатрешноста има одделенија каде дежураат лекари кои не се специјалисти во таа гранка, на пример на урологија дежураат хирурзи.Лекари недостасуваат и во специјална болница за нефрологија која годишно опслужува над 14.000 пациенти од земјата и пошироко.

 Па имаме дефицит на лекари, моментално бројот на вработени е 226, меѓутоа имаме ветување дека набргу со реализација на проектот за вработување во сите медицински установи видно ќе биде зголемен бројот на вработувања и кај нас”-вели Јетмир Зиба-директор на Специјална болница за нефрологија

Лошата поставеност,немањето стратегија и соодветна организација на здравствениот систем во државава последните 3 децении,го зема својот данок. Времето за лекарите работи против лекарите,нас не ни требаат истрошени  доктори кои ќе се вратат од специјализација на 50 години-децидни се здравствените работници. Ресорниот министер Таравари свесен дека е потреба реорганизација на здравството,неодма најави регионализација на здравствените установи. Само така ќе се скратат маките напациентите кои шетаат од една во друга болница,од еден во друг град губејќи драгоцено време