Новиот лек „капивасертиб“, за кој клинички е докажано дека го забавува ширењето на ракот на дојката, од денеска е достапен на Националната здравствена служба (НХС) во Велика Британија. Според Скај њуз, лекот во комбинација со веќе достапната хормонална терапија ја продолжил ефективноста на лекувањето.
Професорот Николас Тарнер од Институтот за истражување на ракот рече дека лекот е одлична „успешна приказна на британската наука“.
– Овој лек ја продолжува ефикасноста на хормонската терапија, што на пациентите им дава драгоцено време со семејството – изјави Тарнер.
Националниот институт за извонредност за здравје и нега (NICE) го одобри капивасертиб за употреба во NHS по 20 години истражување.
Тарнер истакна дека ова е значаен чекор во борбата против ракот на дојката и дека стотици пациенти би можеле веднаш да имаат корист од лекот.