Лененото семе е богато со влакна, омега-3 масни киселини, протеини, витамин Б1, како и минерали како што се магнезиум, фосфор и селен.
Нејговите здравствени придобивки вклучуваат:
Позитивно делува на срцето
Лененото семе е богато со алфа-линоленска киселина (АЛА), еден вид омега-3 масна киселина која го намалува воспалението во телото.
Редовното консумирање може да го намали нивото на лошиот ЛДЛ холестерол, а со тоа да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Истражувањата покажуваат дека лененото семе и маслото од ленено семе позитивно влијаат на намалување на крвниот притисок, што ја прави оваа храна корисна за срцевите болни.
Го регулира варењето
Благодарение на високиот процент на диетални влакна, ленот е одличен за поддршка на здравото варење.
Комбинацијата на растворливи и нерастворливи влакна помага при редовно празнење на цревата, спречува запек и придонесува за зачувување на здрава цревна микробиота.
Доколку имате проблеми со варењето, задолжително вклучете ги овие моќни семки во вашата исхрана.
Ги регулира женските хормони
Лененото семе содржи лигнани (растителни соединенија слични на естрогенот) кои можат да помогнат во регулирањето на женските хормони.
Лигнаните се исто така поврзани со ублажување на симптомите на менопауза, како што се топли бранови и несоница. Дополнително, нивните својства имаат превентивно дејство против карциноми зависни од хормони, како што е ракот на дојката.
Одличен сојузник за слабеење
Покрај тоа што е исклучително корисно за варење, високата содржина на влакна во лененото семе го прави одличен сојузник во контролата на тежината.
Јадењето на овие семки создава чувство на ситост, што ја намалува потребата за прејадување, а во исто време помага да се одржи стабилно ниво на енергија во текот на денот.
Го зајакнува имунитетот
Благодарение на високата содржина на антиоксиданси и минерали како што е селенот, лененото семе помага во зајакнување на имунолошкиот систем, што е особено важно во зимските месеци.
Исто така, неговите антиинфламаторни својства ја поддржуваат одбраната на телото од хронични болести.
Како да ги вклучите во исхраната?
Лененото семе најчесто се конзумира мелено, бидејќи целото семе тешко се вари, што ги губи повеќето хранливи материи. Можете лесно да ги додадете во смути, јогурт, овесна каша или во тесто за леб и колачи.
Забелешка
Јадете ленено семе во умерени количини, околу една до две лажици дневно за да избегнете можни несакани ефекти како надуеност. Исто така, се препорачува да се пие доволно вода за ленените влакна да делуваат ефикасно.