Леонардо ди Каприо и Мартин Скорсезе се во преговори за очекуваната филмска адаптација на бестселерот на Ерик Ларсон, „Ѓаволот во белиот град“.Имено, станува збор за криминалистичка драма објавена во 2004 година, која се базира на вистински настани. Ди Каприо ги купи правата за овој филм во 2010 година, но нивниот проект беше ставен во мирување кога беше објавено дека книгата ќе ја адаптира режисерот Тод Филдс, со Киану Ривс во главната улога.
Од непознати причини, Киану се откажа од снимањето на серијата, која на крајот не беше објавена. Извори за Deadline потврдиле дека Ди Каприо и Скорсезе работат на филм за кој со години мислеле дека е приказна која ќе ги воодушеви сите љубители на филмот.
Приказната го следи докторот Хенри Х. Холмс, социопат и сериски убиец од 19 век, за кој се верува дека убил околу 200 луѓе. Тој ги шармирал своите жртви, главно млади девојки, и ги носел во својот хотел, а потоа ги убивал за да им ги продаде органите за медицински истражувања.
Во неговиот хотел, Холмс имал гасна комора, крематориум и маса за секција. „Ѓаволот во белиот град“ би бил еден од серијата филмови на Скорсезе со Леонардо ди Каприо во главната улога. Досега заедно работеа на филмовите „Бандите на Њујорк“, „Заминатите“, „Островот на затворачот“, „Волкот од Волстрит“ и „Убијците на цветната месечина“.