Актерот Леонардо ди Каприо (48) поради славата и популарноста постојано е опкружен со убави и млади девојки.
Светските медиуми често се занимаваа со темата „зошто Леонардо не излегува со девојки над 25 години“, а актерот докажа дека излегува и со постари дами.
Познатиот актер беше фотографиран на одмор со ријалити ѕвездата Арабела Чи која има 32 години!
Папараците ги фотографирале на јахта додека крстареле по Балеарските острови, а кога слетале на плажа, убавицата скокнала во водата за да се капе.
Ѕвездата од „Волкот од Волстрит“ изгледаше лежерно во бела маица и беж шорцеви, додека Арабела носеше бикини со танга со леопард принт.
Таа цело време се смешкаше додека се дружеше со Леонард. Секако, друштво им правеа уште неколку млади убавици.
После тоа, на јахтата им се придружиле и некои пријатели, со кои отишле на вечера во ресторан.