Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ неодамна за неверојатна сума пари ја продадоа својата вила во Мајами, САД.
Како што објави The New York Post , станува збор за имот покрај брегот на Мајами, кој парот го продал за 16,9 милиони долари (околу 30 милиони конвертибилни марки).
Медиумите јавуваат дека имотот го купиле уште во 2012 година, а зафаќа повеќе од 500 метри квадратни. Вилата има шест спални соби и шест бањи, а уредена е во модерен италијански стил. Овој имот се состои и од пространа дневна соба, главна кујна и лифт кој води до покривот.
Дворот вклучува голем базен, џакузи и летна кујна опкружена со пространи тревници. Продавачите изјавија дека секој детал е направен со модерен дизајн и дека имотот има поглед на плажа.
Интересен податок е тоа што The New York Post го претстави Слободан Боба Живојиновиќ како српски тенисер кој имал афера со принцезата Дијана кон крајот на 1980-тите додека таа сè уште била во брак со принцот Чарлс.