Лепчиња ПОЛНЕНИ СО ЗЕЛЕНЧУК И ПИРЕ: Може да се подготват за појадок, ручек или вечера, а готови се за 5 МИНУТИ (РЕЦЕПТ)

Домашните лепчиња се секогаш подобар избор од купените во продавница.

Ви носиме одличен рецепт за лепчиња полнети со пире од компири и зеленчук. Можете да ги јадете за појадок, ручек или вечера, а одличната работа е што се пржат само по три минути од секоја страна. Исто така, ако мразите да го правите филот, ви предлагаме уште полесен рецепт за мрзливите, а тоа се лепчиња од 3 состојки.

Состојки:

  • 1 компир
  • 2 црвен кромид
  • 1 пиперка
  • 1 китка власец
  • 100 гр сирење

За тестото:

  • 90 мл млеко
  • 1/2 лажица шеќер
  • 1 лажичка инстант квасец
  • 20 мл масло
  • 150 гр брашно

Рецепт за лепчиња полнети со пире од компири и зеленчук:

Сварете компири, процедете ги и испасирајте. Потоа пропржете го ситно исечканиот кромид и пиперка додека омекнат, па во пирето додадете го зеленчукот. Стави на страна. Во сад измешајте топло млеко или вода, а потоа додадете шеќер и квасец. Убаво се мати, па се прелива масло и се додава просеано брашно. Замесете тесто. Покријте и оставете да нарасне околу 20 минути. Тестото поделете го на 4 еднакви делови, па обликувајте топчиња. Покријте и оставете го да отстои уште 10 минути. Расукајте го кругот, па наполнете го со филот, па подигнете го тестото и спојте го. Малку израмнете со раце и расукајте со сукало. Во тава со малку загреано масло пропржете ги лепчињата.