Адријан Муту, еден од најдобрите романски фудбалери на сите времиња, е роден на 8 јануари пред 45 години во Калинести.
Во текот на кариерата го носеше дресот на познати клубови како Интер од Милано, Челзи, Јувентус, Фиорентина… За романската репрезентација одигра 77 натпревари и постигна 35 гола.
Сепак, неговата кариера беше попречена од неговиот начин на живот надвор од теренот.
Романскиот фудбалер не можеше да ја контролира славата што му ја донесе фудбалот. Дрогата, пиењето, жените и многуте матни афери го спречија да стане онаков каков што претпоставуваше дека е неговиот талент.
Беше во брак три пати, а остана запаметен и по скандалот со дрогата додека го носеше дресот на Челзи. Тој беше едно од првите засилувања на клубот од Лондон под раководство на Роман Абрамович. Но, најголемата придобивка имаа британските таблоиди. Честопати насловните страници на медиумите беа исполнети со детали за неговите контроверзни љубовни врски и ноќи поминати во наркотична состојба. Една од жените кои открија интимни детали за Муту беше актерката од филмови за возрасни Лаура Андрешан, која на јавноста и’ откри дека фудбалерот сакал да им ја ,,цица” крвта на своите избранички.
За време на еден летен одмор, полицијата се обидела да го спречи поради пребрзо возење. Откако Адријан ги игнорираше, дојде до голема потера, па уште поголем скандал.
Секако, оваа приказна не остана незабележана во Челзи. По неговото враќање во Лондон, клубот одлучи да го подложи на допинг тест. Како резултат, кокаин е откриен во неговата крв. Муту рекол дека бил во депресија поради разводот со сопругата, но тоа не било олеснителна околност. Тој беше исфрлен од клубот, суспендиран од Фудбалската асоцијација на Англија на седум месеци и казнет со 20.000 евра. А потоа го загуби спорот со клубот, па мораше да му плати на Челзи 17 милиони евра обештетување.
Се пресели во Италија, но не бил долго мирен. На врвот на славата во Фиорентина повторно падна на допинг тест. Никогаш не беше во можност повторно да најде врвна форма.
Ако падна на теренот, тој не падна во кревет. Имаше убавици, но не и вистинска љубов. Тој беше оженет три пати. Неговата прва љубов беше романската ТВ водителка Александра Дину. Меѓутоа, тој брак не траел долго бидејќи Муту ја претепал, па по две години се развеле. Тој има син, Марио, од тој брак.
Следуваше врска со порно ѕвездата Лаура Андрешан, а потоа и втор брак. Се ожени со Консуела Матос Гомез, модел од Доминиканската Република. Од бракот кој траеше десет години има две ќерки Адријана и Маја Вега.
Третиот брак трае веќе седум години. И таа е модел, но од Романија и се вика Сандра Бачичи. Тие имаат син, Тијан Адријан.
Помеѓу вториот и третиот брак тој беше лудо вљубен во познатата романска ТВ водителка Моника Даскал. Фудбалерот толку многу го плени жешката новинарка што наводно платил 15.000 долари телефонски сметки. Додека бил во странство, постојано разговарал на телефон со Моника.
Сепак, љубивната приказна не траеше. Двојката се распадна, а Моника последователно се омажи за успешен адвокат.
По играчката кариера Муту влезе во тренерските води. Го водеше Волунтари, младата екипа на Ал Бахда, беше селектор на младата романска репрезентација Рапид, а неодамна кратко време беше и тренер на Нефчи.