Лесно ослабел 4 килограми за еден месец! Тој го искористил трикот со чинии и се откажа од само една храна

Новинарот Џорџ Честертон успеа да ослабе со намалување на порциите и – големината на чинијата.

Новинарот Џорџ Честертон со едноставен експеримент со храната што обично ја јаде  успеа да ослабе и докажа колку е важна количината на храна која ја јадеме за слабеење и тоа на здрав начин.

Еден месец ги ограничи порциите храна во чинијата и за четири недели ослабе нешто повеќе од четири килограми, без, како што вели, да направи нешто посебно.

 Честертон вели дека едноставно одлучил да јаде сè во помали количини од порано. Ја намали големината на вечерниот оброк за две третини. Користењето помала чинија за да ги направи порциите да изгледаат поголеми, му помогнало да ги намали и контролира порциите.

Нутриционистката Џена Јоп истакнува дека обично е корисно да се измерат порциите користејќи различни делови од раката. На пример, изворот на протеини или јаглехидрати треба да биде со големина на вашата дланка, зеленчукот треба да биде околу две тупаници и треба да имате една педа здрави масти во вашата чинија.

Честертон го започнал експериментот тежок 114 килограми. Следните четири недели во исхраната не внесувал повеќе зеленчук од вообичаено, туку грицките ги заменил со овошје. Еден месец подоцна, вагата покажала дека е полесен за четири килограми.

Најважно на почетокот, вели Честертон, било да се воспостави рутина и да се навикне на помали порции.

 – По една недела човек се навикнува да јаде помалку храна, а чувството на глад полека се намалува – рекол Честертон.