Железничкиот мост во изградба во Индија се урна, при што загинаа најмалку 26 работници, а се повредени уште двајца, соопшти полицијата, додека управата на железницата во земјата отвори истрага.
– Луѓето кои живеат во селото во близина на градилиштето брзо им пријдоа на помош на повредените работници и ги однесоа во болница – соопштија од полицијата.
Спасувачите ги извлекле телата и трагаат по преживеани, а се истражува и причината за уривањето на скелето.
Претходно полицијата соопшти дека 40 работници биле на градилиштето кога се урнало скелето.
Индискиот премиер Нарендра Моди, кој моментално се наоѓа во Јоханесбург на самитот на БРИКС, на Твитер објави дека акцијата за спасување е во тек, а на повредените им се дава „секаква можна помош“.
Индија стана првата земја која успешно слета вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината, само неколку дена откако руското вселенско летало Луна-25 се урна во близина на истата област на површината на Месечината.