Турскиот државјанин ИАО (58) загинал на лет за Германија, поради што авионот итно слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ утринава околу 5:30 часот.
Како што неофицијално дознава „Информер“, несреќниот човек патувал на релација Трабзон – Дизелдорф кога ненадејно му се слошило.
– Авионот полетал од Турција , а починатиот патувал со својот син. Се сомнева дека му се слошило во тоалетот и за жал набргу починал. Поради немил настан, авионот слета на белградскиот аеродром, каде смртта на патникот ја констатирала брзата помош – изјави извор на Информер запознаен со случајот.
Известена е и полицијата која извршила истрага која ќе утврди што точно се случило.