Летни температури среде јануари: Топлотниот бран од северот на Африка ја искачува живата на термометарот до 28 степени во овие делови на Европа (фото)

Во средината на зимата, југозападниот и западниот дел на Европа беа зафатени од многу топла воздушна маса од северот на Африка. Над југозападниот дел на Европа и северозападниот дел на Африка има многу силен и изразен антициклон, со формирање на многу топла воздушна маса.

Низ Шпанија и Португалија денеска преовладуваа вистински пролетни температури со вредности над 20°C, во Португалија до 23°C, а најтопло е на југоисточниот и источниот дел на Шпанија, со температури до 25-26°C. Во исто време е сончево, односно небото е целосно ведро и без облаци.

Многу топла воздушна маса стигна и до западна Европа, па температурата на југот на Франција достигнува 20°C, а низ земјата надминува 15°C. Топлиот воздух ја зафати и Италија. Истовремено топлата воздушна маса се шири кон централните и северните предели на Европа, па во централна Европа е забележана до 15°C, на југот на Скандинавија до 10°C.

Оваа топла воздушна маса ја турна многу студената маса од источна Европа понатаму кон Сибир, а мразот остана само во Лапонија, односно на североистокот на Скандинавија, со температури околу -25°C во текот на денот.

Во четврток во југозападна Европа ќе биде уште потопло, а температурите низ западна и југозападна Европа, западниот Медитеран и Италија ќе бидат над 20°С. Најтопло ќе биде во Шпанија и Португалија, со температури претежно над 18°С, а во повеќе области над 20°С. Најтопло ќе биде на истокот и југоисточниот дел на Шпанија, со температури над летните 25°С, локално до 28°С. Најтопло ќе биде во поширокото подрачје на Валенсија и Мурсија.

Моменталните и очекуваните температури се за 10 степени повисоки од просечните за овој период од годината. Инаку, за поширокото подрачје на Валенсија и Мурсија, највисоката температура измерена во јануари е 27-28°C, така што постои можност утре во некои области да се срушат рекордите за месец јануари од прерходните мерењата.

Деновиве не само што е многу топло на брегот на Медитеранот, туку и низ континенталните региони сè до Атлантикот. Вистинска пролет е забележана и во Мадрид, со температури околу 20°C. Под влијание на споменатиот антициклон до петок времето на југозапад од Европа ќе биде многу топло, а термичкиот гребен ќе се протега сè до Алпите и централниот дел на Медитеранот, но и низ западна Европа, делумно и до централна Европа.

Постепен пад на температурата на воздухот во Шпанија и Португалија се очекува од викендот и вредностите ќе се вратат во просек долж крајбрежните области на Медитеранот, кои се вредности од 15 до 20°C, во внатрешноста до околу 10°C. Јужниот и југоисточниот дел на Шпанија, јужна Португалија, јужниот дел на Сицилија, крајниот југ на Грција, Малта и јужниот дел на Кипар во зимските месеци имаат највисоки температури во Европа, во просек во текот на јануари од 15 до 20°C и често надминува 20°C.