Пејачката Лејди Гага, која наскоро ќе го прослави својот 49-ти роденден, не потсети на нејзините чудни и бизарни модни изданија кои со години никого не оставаат рамнодушен.
Лејди Гага во текот на кариерата ја менуваше бојата на косата, носеше фустан од свински котлети, како и разни фустани со чудни кроеви и форми.
По повод роденденот кој го слави на 28 март, таа се потсети на некои од нејзините најинтересни модни изданија кои го оставија светот без зборови.
Така на еден концерт таа се појави во секси црвена кожна долна облека, со капа на главата, а на премиерата на филмот „Џокер“ на филмскиот фестивал во Венеција во 2024 година, сите
ја забележаа нејзината голема, екстравагантна тантела капа и предимензиониран црн фустан.
Скандалозно беше и нејзиното појавување на насловната страница на GQ каде се појави со голи гради и брадавица обоена во црвено. Пејачката е позната и по експериментирањето со бојата на косата и фризурата, како и со шминката.
Лејди Гага во текот на нејзината успешна кариера често ги шокирала и изненадувала луѓето со своите појавувања, а ги налутила луѓето со своите модни парчиња. Таа е една од најпродаваните пејачки на сите времиња, а магазините Тајм и Форбс ја рангираа меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот во 2010 година.