Лиам Пејн остави богатство од 28 милиони евра: Неговата свршеница може да бара финансиска отштета

По неговата смрт, Лиам Пејн остави зад себе богатство од 28 милиони евра, а во наредниот период судот треба да одлучи кому ќе му припадне таа сума.

Со оглед на тоа што Пејн не оставил тестамент пред смртта, одлуката за наследство сега ќе ја донесе судот. Пејн почина во октомври минатата година откако падна од балкон на хотел во Буенос Аирес.

Имено, тој паднал од висина од 40 метри, а обдукцијата потврдила дека претрпел големи повреди, внатрешно и надворешно крварење. Пејн беше погребан еден месец подоцна, а на погребот присуствуваа неговите поранешни колеги од бендот Хари Стајлс, Најл Хоран, Луис Томлинсон и Зејн Малик, како и членови на семејството и Сајмон Ковел, девојката Кејт Касиди и мајката на неговиот осумгодишен син, пејачката Шерил.

Според „Сан“ и „Дејли меил“, правото да управуваат со неговите средства и пари им е доделено на Шерил и музичкиот адвокат Ричард Бреј. Со оглед на тоа што Пејн не бил во брак, а британските закони за наследување без тестамент предвидуваат дека имотот прво се доделува на сопружник или животен партнер, а потоа на деца, се очекува дека сите пари ќе бидат ставени во фонд за неговиот син Бер.

Неговата девојка Кејт Касиди нема законско право на наследство, бидејќи тие не биле во брак. Иако Касиди може да бара „разумна финансиска компензација“ бидејќи Пејн ги плаќала нејзините месечни трошоци, „Пејџ Сикс“ тврди дека таа нема намера да поднесе барање.

Во интервју за „Сан“, Касиди зборуваше за болката по неговата смрт и објасни дека се вратила во САД неколку дена пред трагедијата за да се грижи за нивното куче, Нала.

„Имав одговорност. Имавме куче и никогаш не помислив дека нешто вакво може да се случи. Едноставно не можев да верувам дека ќе заврши вака“, рече таа.