Лиам Пејн од „One Direction“ остави зад себе богатство од дури 28 милиони евра, а судот сега одлучува кому ќе му припадне тоа. Бидејќи Пејн не оставил тестамент пред својата смрт, одлуката за наследство сега ја носи судот.
Правото за управување со имотот е доделено.
Пејн почина ненадејно во октомври минатата година откако падна од балкон на хотел во Буенос Аирес. Тој паднал од висина од 40 метри, а обдукцијата потврдила дека претрпел повеќекратни повреди – внатрешно и надворешно крварење.
Тој беше погребан еден месец подоцна, а на погребот присуствуваа неговите поранешни колеги од бендот – Хари Стајлс, Најл Хоран, Луис Томлинсон и Зејн Малик – како и семејството, Сајмон Кауел, девојката Кејт Касиди и пејачката Шерил, мајката на неговиот осумгодишен син Бер.
Според „Сан“ и „Дејли меил“, правото да управуваат со имотот им е доделено на Шерил (41) и музичкиот адвокат Ричард Бреј.
Кој има право на богатството на Пејн?
Бидејќи Пејн не бил во брак, а британските закони за наследување без тестамент предвидуваат дека средствата прво се доделуваат на сопружникот или животниот партнер, а потоа на децата, најверојатно е дека сите пари ќе бидат ставени во фонд за неговиот син Бер. Девојката Кејт Касиди нема законско право на наследство бидејќи не биле во брак.
Иако теоретски Касиди (26) може да побара „разумна финансиска компензација“, со оглед на тоа што Пејн наводно ги плаќала нејзините месечни трошоци, „Пејџ Сикс“ објавува дека таа нема намера да поднесе барање.
Во интервју за „Сан“, Касиди зборуваше за болката по неговата смрт и објасни како се вратила во САД неколку дена пред трагедијата за да се грижи за нивното куче, Нала.
,,Имав одговорност. Имавме куче и, секако, никогаш не помислив дека нешто вакво може да се случи“, рече таа.
„Едноставно не можев да верувам дека ќе заврши вака“, додаде таа.