Ливерпул го доведе новиот напаѓач Уго Екитике за 95 милиони евра

Францускиот напаѓач Уго Екитике (23) е нов играч на Ливерпул, потврди клубот од Енфилд.

Екитике пристигна од Ајнтрахт Франкфурт, а според информациите, трансферот, вклучувајќи ги и бонусите, вреди околу 95 милиони евра.

Младиот напаѓач потпиша шестгодишен договор со „Црвените“ и од него се очекува многу во следната сезона.

Екитике има 23 години и долго време се смета за еден од најталентираните напаѓачи во Европа, а Франкфурт го донесе во своите редови минатото лето од ПСЖ за 16,5 милиони евра.

Минатата сезона, Екитике постигна 22 гола за Ајнтрахт и регистрираше 12 асистенции во вкупно 48 натпревари во сите натпреварувања, а сега овој клуб ќе оствари огромна заработка од неговиот трансфер.

Неговото доаѓање дополнително ја зголемува конкуренцијата во напаѓачката линија на Ливерпул, покрај имиња како Мохамед Салах, Дарвин Нуњез, Луис Дијаз и Коди Гакпо.