Ливерпул го официјализираше најголемиот трансфер во историјата на клубот: Вирц потпиша за „Црвените“
Вирц блескаше во дресот на Апотекар во изминатите неколку сезони, со кој ја донесе и двојната круна во сезоната 2023/24, со што ја прекина доминацијата на Баерн, а сега е време за најголемиот чекор во неговата кариера.
Вирц потпиша петгодишен договор со Ливерпул, а се проценува дека Леверкузен ќе добие 135 милиони евра отштета.
„Се чувствувам многу посебно. Многу сум среќен што конечно се случи и што се приклучувам на голем клуб. Ако го помислите Ливерпул како град, веднаш помислувате на клубот, кој е еден од најголемите во светот. Можете да очекувате од мене секогаш да давам 100 проценти и да се обидувам да победам во секој натпревар. Сакам да му го донесам на клубот она што го сака, титула. Многу сум горд и возбуден поради предизвиците што претстојат“, рече Вирц.
Горенаведената сума претставува и рекорден трансфер во историјата на Ливерпул, бидејќи најголемиот трансфер на овој клуб досега беше доведувањето на Дарвин Нуњез за 85 милиони евра од Бенфика.
Реал Мадрид, Баерн и Манчестер Сити исто така покажаа голем интерес да го доведат, но Ливерпул веројатно ја доби трката за потписот на еден од најбараните играчи во светот за прв пат во својата историја.