– Ливерпул попладнево загуби од Брајтон во шеснаесетинафиналето на ФА Купот со 2:1.
Харви Елиот го постигна голот за Ливерпул во 30.минута. Домаќините изедначија во по девет минути игра преку Луис Данк. Победничкиот гол во 90+2. минута го постигна играчот од средниот ред на домаќините Каору Митома.
Оваа сезона Брајтон нема пораз од Ливерпул, во Премиер лигата беше нерешено (3:3) на гости и победа (3:0) на домашен терен.
Противникот на Брајтон во следната рунда ќе биде одреден по ждрепката.