Фудбалерите на Ливерпул денес на гостински терен го победија Вулверхемптон со 3:1 во натпреварот од петтото коло од Премиер Лигата.
Вулверхемптон одлично го започна натпреварот, поведе во седмата минута со голот на Хван Хи Чан и до крајот на првото полувреме беше многу подобар противник на теренот.
Сепак, Ливерпул продолжи да игра подобро и успеа да оствари пресврт. Најпрво израмни Коди Гакпо во 55. минута, а Ендрју Робертсон ги доведе црвените во водство во 85. минута.
Точка на овој натпреварот стави Уго Буено со автогол во 91. минута.
Мохамед Салах асистираше за првите два гола на Ливерпул.
Ливерпул ја забележа четвртата победа од почетокот на сезоната и моментално е прв на табелата со 12 бода, додека Волвс се на 15. позиција со три освоени бода.
Фудбалерите на Вулверхемптон во следното коло ќе гостуваат кај Лутон, додека Ливерпул ќе го пречека Вест Хем.