– Фудбалерите на Ливерпул во следните месец и половина ќе се борат за титулата во Премиер лигата и Лигата на Европа, а Јирген Клоп ќе има на располагање тројца исклучително важни играчи.
„Црвените“ во четврток ја пречекуваат Аталанта на „Енфилд“, а во протоколот за тој натпревар би можеле да бидат Трент Александер Арнолд, Диого Жота и Алисон. Споменатата тројка беше надвор од терените од февруари поради повреди, но денеска се вратиле на тренинзите.
Сепак, Клоп не е сигурен дека некој од нив ќе биде на теренот против италијанскиот клуб бидејќи не сака да ризикува со нови повреди.
-Тие повторно тренираат сега и треба да видиме како ќе ги вклучиме и користиме. Очигледно ни требаат. Но, ни требаат во најдобра можна форма и сакаме да им дадеме некој вид ритам. Секогаш е предизвик кога се обидуваме да ги реинтегрираме момците. Со квалитетот што го имаат би требало да ни биде полесно и ќе ги искористиме во наредните денови и недели, но тоа значи дека не сум донел одлука за утре, изјави германскиот тренер.