– Лидерите на земјите од групата Г7 предупредија на глобалниот ризик од глад и неопходност од заедничка работа на решавање на сè полошата глобална криза на безбедноста на храната.
Во јапонскиот град Хирошима се одржува тридневниот самит на лидерите на Г7, кои објавија заедничко соопштение за активностите спроведени во Хирошима за отпорна глобална безбедност на храната.
Истакнувајќи дека пандемијата на Ковид-19, руско-украинската војна, променливите цени на енергијата и ѓубривото ја загрозиле глобалната сигурност на храната, во заедничкото соопштение на лидерите на Г7 се наведува дека во 2021 година близу 828 милиони луѓе во светот се соочиле со глад.
Лидерите на Г7 ги повикаа релевантните страни да одржат непречено функционирање на Црноморската иницијатива за транспорт на жито.
Навестувајќи дека адекватниот пристап до храната е основна потреба, во декларацијата се нагласува важноста од создавање одржливи системи за зголемување на предвидливоста на пазарите.