Лидерот на јужнокорејската опозициска Демократска партија Ли Јае-Мјунг беше нападнат за време на посетата на пристанишниот град Бусан во југоисточниот дел на земјата.
Тој бил пренесен во болница во свесна состојба, а напаѓачот веднаш бил уапсен, јавува јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Ли давал изјави за новинарите, кога одеднаш маж кој стоел пред него извадил нож и му го забил во вратот на лидерот на опозицијата.
Претставник на Националната Универзитетска болница во Бусан, каде што Ли бил однесен околу 20 минути по нападот, изјавил дека лидерот на опозицијата бил прободен со нож во вратот, но дека неговиот живот не е во опасност и дека по итно лекување е префрлен во Сеул и КТ скен – Ројтерс
Напаѓачот, кој се преправал дека е еден од поддржувачите на Ли, му пришол на политичарот барајќи автограм, а потоа, според очевидци, го нападнал.