Лидерот на јужнокорејската опозиција избоден со нож: Маж му побарал автограм, па брутално го нападнал

Лидерот на јужнокорејската опозиција Ли Јае-Мјунг беше нападнат во вторникот за време на посетата на јужниот пристанишен град Бусан, објави медиумската агенција Yonhap.

Ли Јае-Мјунг бил прободен во левата страна на вратот од непознат маж додека бил во посета на градилиштето на идниот аеродром.

Напаѓач на околу 50 или 60 години му пришол на Ли Јае-Мјунг и му побарал автограм, пред ненадејно да го нападне. Набрзо бил совладан и уапсен.

На фотографиите објавени во медиумите се гледа како Ли Јае-Мјунг лежи на земја со затворени очи, а други луѓе му ја притискаат на раната на вратот.

Лидерот на опозицијата е пренесен во болница, објавија медиумите.

И покрај строгите закони за оружје, Јужна Кореја има историја на политичко насилство кое вклучува други видови страшни напади.

Лидерката на конзервативната опозиција Парк Геун-Хе, која подоцна стана претседателка, беше нападната со нож во 2006 година, при што имаше длабок рани на лицето.

Јужна КорејаЛи Јае-Мјунгнападполитика